| Библиотеки | |
Влијанија |
|
|
|
МАРФИЕВ ЗАКОН - Артур Блох Марфиев закон е една од најпродаваните книги на светот! Извонреден хумор што не штеди ништо и никого! " Ние сме од кривата страна на таписеријата", има речено таткото Браун, прочуениот свештеник- детектив на Честертон. Навистина сме. Неколку кончиња, понекоја случајна нишка, тоа е с$ што гледаме од големото небеско ремек- дело исткаено од најрастрошниот меѓу сите ткајачи. Мал број на храбри поединци се осмелил да ја истражува другата страна на таписеријата, предизвикувајќи го, во своето трагање по вистината, гневот на Чуварот на Крпата. На тие поединци им е посветена оваа книга. ЦЕНА: 3 ДМ (првото издание е распродадено: второ издание: формат 15 см. 80 стр.) |
|
|
|
ЃАВОЛОВ РЕЧНИК - Емброуз Бирс Емброуз Бирс е еден од најраскошните мизантропи во последниве двесте години, узор и учител за секој АМБИЦИОЗЕН (в. го речникот! ) циник. Ѓаволовиот речник и ден денес е буквар на црниот хумор! ЦЕНА: 3 ДМ ( формат 15 см. 96 стр. ) |
|
|
|
ЗЕН - ( Коани и приказни) Поуки на еден од најоткачените духовни учители во историјата на цивилизацијата! Мумон подеднакво го респектираат и математичарите и уметниците и теолозите... Најдобри зен приказни! Кратко, духовито и мудро! Еден пат, многу значења... ЦЕНА : 3 ДМ. ( формат 15 см., 72 стр. првото издание е распродадено; второто е во подготовка) |
|
|
|
ЦИРКУС ПРИНТИПРАМ - Данил Хармс Еден од најталентираните ( и најнесреќните) писатели во 20 век, прв пат на македонски... Она што е карактеристично за овој мал но репрезентативен избор е што на исто место се наоѓаат и " детскиот" ( многу попознат во Русија) и " возрасниот" (повеќе познат од Русија) Хармс... ЦЕНА: 3 ДМ ( формат 15 см. 88 стр. ) |
|
|
|
КРАЈ НА ЕТАПА - Хулио Кортасар Во Аргентина, матичната земја на Кортасар, се смета дека аргентинците не настанале ниту од атцтешките ниту од другите доморедечки божества, туку од утробите на бродовите што пристигнале на брегот на реката Ла Плата од сите страни на светот, а особено од Европа. Таков, измешан во неколку култури ( како и неговиот фамозен сонародник Борхес), космополит во најблагородното (космичко) значење на тој збор, е и Хулио Кортасар, инаку авторот на можеби највлијателниот роман на втората половина на 20. век Раѕуела ( на англиски преведен како Хопсцотцх: на македонски можеби Куцкамен, Плочка, Пркнипира...) ( формат 15 см., 80 стр. ) |
|
|
|
МОСКВА - ПЕТУШКИ - Бенедикт Ерофеев Москва- Петушки може да се чита на неколку начини, од една можна критика на тогашното советско секојдневие, потоа психолошка анализа на главниот јунак, па с$ до можноста ова кусо патување да го прочитаме како современа парафраза на познатата книга на Радишчев Патувањето од Петербург за Москва. Бројот на конотациите и пародиските прсврти е голем. Станува збор за исклучителна проза, за писател што умееше да го открие аголот од каде што битно се менува сликата на светот, така што Москва - Петушки може да биде читан и како фантастичен роман што стои наспроти позитивната литература и нејзиното придружување на оптимистичките кулиси. ЦЕНА : 6 ДМ. ( формат 15 см., 176 стр. ) |
|
|
|
МИЛИ ТАТКО - Франц Кафка Најславно семејно писмо во 20. век...Извонреден документ, стилистички изведен речиси до перфекција, кој оди во опасните длабочини на семејните отворени прашања... Култен текст како за адолесцентите така и за психолозите... Беспоштеден кон сите ( кон себе пред с$), но и неверојатно пристоен и човечен во разоткривањата, Кафка останува една од најмаркантните фигури воопшто. ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 15 см. 80 стр. ) |
|
|
|
КРУГ - Владимир Набоков Набоков преминува премногу граници за да можеше да се вклопи во геополитиката на Нобеловата награда. Сепак, тој ни даде награда поголема од онаа што тој самиот било кога ја добил: својата предизвикувачка, заплеткана проза, која чудесно покажува дека уметноста не е огледало свртено кон природата, туку призма која заслепувачката стварност ја прекршува во виножита од мудрост и чувства. Р. З. Шепард ЦЕНА: 7 ДМ. ( формат 21 см., 88 стр.) |
|
|
|
ЕНТРОПИЈА - Томас Пинчон Томас Пинчон ( Тхомас Пѕнцхон) е роден 1937 година. Студирал атомска физика на Корнеловиот универзитет во Итака ( држава Њујорк). Автор е на четири рамани: В. (1963). Тхе црѕинг оф Лот 49 (1966), Гравитѕ'с Раинбоњ (1973) и Винеланд (1991) - кои претставуваат единствена синтеза на прозните можности и духовната клима на современиот свет. Пинчон е автор кој веројатно извршил најголемо влијание врз развојот на современата проза во текот на седумдесетите години. Како некогаш Травен, и тој живее во потполна таинственост и никој не успеал да го види уште од времето на објавување на неговиот прв роман. Ентропија е збирка со неговите најдобри раскази. ЦЕНА: 7 ДМ. ( формат 21 см., 100 стр. ) |
|
|
|
![]() |
ПОЕЗИЈА - Владимир Набоков |
|
|
РУСКА " АЛТЕРНАТИВНА " ПРОЗА Зошто "алтернативна" во наводноци? Затоа што тоталниот распад на сите источноевропски репери (в. ре- пер, татково, според Бодријар!) резултираше и на овој план (можеби уште позабележливо во "западната" уметност!): веќе не постои разлика меѓу "главниот тек" и "маргиналците", веќе, барем во формална смисла, не постои така силна граница ( типична за поранешниот СССР ) меѓу "државната" и самиздатската ( подрумска, андерграунд) литература. Оваа збирка раскази е токму пример за тоа: поголемиот дел од авторите застапени овде само до пред некоја година беа некаков тип на литературни илегалци, а денес се оној ударен, елитен бран што на еден репрезентативен начин ја претставува руската култура. Изборот може да се нарече и "Елитната проза од Литературна газета", бидејќи, искрено речено, тоа списание беше главното депо ( не и единствено) од кое приредувачот грабеше како по кејф така и според едно необично чувство на одговорност споделено меѓу две чудно блиски и ужасно далечни култури. ( формат 15 см., 176 стр.) |
|
|
|
СОНИШТА И ДЕНОВИ - Немања Митровиќ Суптилна, соновидна проза (што се одвива по рабовите на поезијата!0 на еден од најталентираните млади писатели во бившата СФРЈ. Немања Митровиќ, како и десетици илјади млади и паметни луѓе избега од затемнетата и закрвавена балканска крчма и таму, во егзил, чека да наполни барем педесет години за некрофилите- валоризатори да го прогласат за национална величина. А во меѓувреме- целиот овој очај што или те претвора во хипер- резистентно чудовиште или креативно те уништува... Книгата на македонски е избор од двете најдобри збирки на Митровиќ: Во знакот на рибата и Приказни за очи.( формат 21 см., 84 стр. ) |
|