| Библиотеки | |
Арт? |
|
|
|
ПЛАС И ПЛЕС - Вилхелм Буш Вилхелм Буш е класик на германскиот хумор, а тоа во извесна смисла значи и на германската сериозност. Јас го почитувам како едно од најпрекрасните отелотворенија на германскиот дух. Ширум целиот свет тој го сееше неодоливото смеење за големите и мали нешта: фала му! Колку само солзи исушил! Тој е мудрец. ( Герхарт Хауптман) Вилхелм Буш, нарочно писател Буш, еден е од најголемите мајстори на стилистичката прецизност. Сметам дек можеби со исклучок на Лихтенберг- во германскиот јазик му нема рамен. (Алберт Ајнштајн) Премногу сум скромен да пишувам за човечкиот џин- Вилхелм Буш. Можам само да го обожувам. ( Олаф Гулбрансон) ЦЕНА: 3 ДМ. ( формат 15 см., 56 стр. првото издание е распродадено; второто е во подготовка) |
|
|
|
ИНВЕНЦИИ - Руб Голдберг Веројатно најголемиот американски илустратор во 20 век "Темплум" го претставува преку неговите фамозни откачени машини, кои станаа поим за себе, своевидна филозофија и апсурдно незаобиколни во било каков преглед на модерниот хумор. Руб Голдберг, како волшебник на бесмислени направи, успеал до таа мерка цврсто да се всади себеси во американскиот хумор што денес е просто невозможно некоја необична машина или изум да се појават пред очите на јавноста, а некој веднаш да не забележи: Види, ова баш ми личи на некоја од оние Голдбергови откачени "инвенции"! ЦЕНА: 5 ДМ. ( формат 21 x 15 см., 40 стр. ) |
|
|
|
ЏАСПЕР ЏОНС Книга за апсолутно најскапиот жив уметник ( неговите слики се продаваат по неколку милиони долари), но, покрај тоа, Џаспер Џонс речиси безпоговорно ( што не важи секогаш за уметниците со поп- арт сензибилитет) е и еден од најдобрите уметници на денешнината. " Неговото дело брилијантно ги соединува интелектуалното и сетилното и, како и секоја висока уметност, истовремено предизвикува и стимулира." ( Нан Розентал) ЦЕНА: 6 ДМ. ( формат 15 см., 96 стр.) |
|