Библиотека “Цепки

04 



Прочитајте некои од графитите!

ГРАФИТИ

Светот е создаден од ѕидови, затоа не сквернави ги - го поучи Господ Бог својот син Исус, кој, не слушајќи го својот Татко, чкрташе ли чкрташе со срцевината од моливот на еден од ѕидовите на Кулата Вавилонска. Ха! Оваа фиктивна приказна е една од многуте со измислени ликови, и нè учи на една многу важна работа: ако Христијанството е религија која постои 2000 години, тогаш Графитите се наука која постои уште толку. Имено, уште Римјаните од она време на ѕидовите од своите градови-полиси се зезале со сè околу себе. Од тоа време датираат и двата легендарни графита од Помпеја: Maximus est asimus (Максим е магаре) и Inter leges puellarum est gaudiam puerorum (Меѓу нозете на девојчињата лежи радоста на момчињата), на кои можеме да го надоврземе графитот од почетокот на кариерата на Брајан од Монтипајтоновскиот филм Житието на Брајан, графитот со порака: Romans, Go Home! (Римјани, одете си дома!) 20-иот век, како и сите други работи, го институционализираше медиумот ГРАФИТ како неминовна иконографија на секоја паланка во светот што има минимум еден жител и макар половина ѕид. Каде има луѓе, таму има и пораки, нели! Од краткиот историјат, ќе го споменеме појавувањето на клучната фигура на уметничката сцена во Њујорк од 70-те, сликарот Жан Мишел Баскијат, кој со своите откачени графити со потпис Samo  (Сејмо), успеа да го наметне својот стил и својот начин на размислување и да заземе значајно во историјата на уметноста од, веќе, минатиот век. Или, Samo saves idiots! (Сејмо спасува идиоти!). А ако Баскијат, заедно со сограѓанинот Кит Херинг, меѓу првите го промовираше графитот-Ерос, тогаш ѕидот-Танатос во 1982 на најдобар начин го претстави лондонскиот бенд Pink Floyd (Пинк Флојд) со концептуалниот албум The Wall (Ѕидот), на кој, сепак, му фалеше некој графит повеќе. А Берлин, ќе прашате? Берлин е мртов! Затоа, на крајот од фиктивната приказна, сепак најопиплива работа е книгата што ја држите во вашите раце. На следните страни се собрани околу 1000 графити, кои со текот на времето осамнувале на ѕидовите на големите и малите градови на планетата Земја и влегувале во историјата на светската ѕидографија. Посебно место, на крајот од книгава, зазема тематот Скопски Графити, кој се состои од 70-тина селектирани графити-пораки што секојдневно се појавуваа на темните или варосаните ѕидови низ Скопје последниве години. Секако, поздрав и до самите графити автори, кои мрморењето во сопствената брада имаа храброст да го пренесат на ѕидовите околу нив, предизвикувајќи нежност, сериозност, скокоткање, уживање... Или, во духот на изумрените револуции: Ќе се бориме до последната капка спреј!
 

ИГОР АНГЕЛКОВ

03 



Погледнете некои од лудите идеи на професорот Луцифер Горгонзола Батс!

Руб Голдберг - Изумите на професорот Луцифер Горгонзола Батс

Машината, по дефиниција, треба комплицираните нешта да ги направи едноставни, поради постигнување одредена цел со минимум напор и потрошени средства; Голдберг, меѓутоа, како сите големи сатиричари, ја менува тежишната точка и сведочи за последиците што настануваат кога некој принцип ќе се постави на глава: неговите инвенции се слика на она што се случува кога наједноставната цел се постигнува на најзаплеткан начин, што е темел на секоја апсурдност...
Голдберг со своите инвенции почнал да експериментира во низата карикатури веќе по доаѓањето во Њујорк. но нивниот прв вистински потполн модел се појавил во весникот Евенинг Маил дури на 10 ноември 1914. Без разлика, меѓутоа, што веќе неговата прва инвенција постигнала одличен успех, тие станале негов сериозен традемарк дури во четириесетите години... Дури и 1925. Голдберг, на пример, повеќе бил познат и респектиран по циклусите Фатхер Њас Ригхт и Фоолисх Љуестионс. Инвенциите едвај се спомнувале.
Од 1914. па сè до 1924. Голдберг исфрлувал по една инвенција секои две седмици; меѓу 1934. и 1964. работел само по една месечно. Работата од него барала прилично енергија, бидејќи, за разлика од спортските карикатури или Откачените прашања, кои биле израз на моментно вдахновение, инвенциите биле поставени врз еден самостоен, сопствен ритам и биле втемелени на контралогика, па затоа врз нив требало многу повеќе да се работи. Притоа ниту самиот Голдберг не успевал да објасни што ги прави толку смешни, или поради што се толку популарни. Се занимавав со многу аспекти на човечкото однесување, пишувал тој 1961., но ... се случи човечките слабости, изразени низ визурата на машинскиот век, да станат толку забавни што конечниот исход значително ги надмина моите првобитни намери. Така, конечно, секоја машина која делува лудо беше доведена во врска со моето име. Луѓето навраќаа во моето студио очекувајќи да ме затекнат како работам, на пример, закачен за лустерот. Секогаш ги разочаруваше, а, морам да признаам, и мене самиот – тоа што делував како совршено нормално човечко суштество.

... повеќе

02 



 

Гери Ларсон - Галерија на откачената страна 2

Белешка за авторот

На првиот ден од 2005 година се навршува една деценија без стриповите на Гери Ларсон. Без новите, се разбира, затоа што старите и денес се објавуваат насекаде во светот еднакво масовно како и во времето на најголемата популарност на Ларсон. За мноштвото атрибути со кои може да се опише делото на Ларсон (бизарно, едноставно, цинично, духовито, непредвидливо...), би требало поединечно да се дискутира, затоа што не постои ниеден курс до кој тој доследно се држи. Не постои ниедна појава која Ларсон не може да ја преврти. Не постојат јунаци, не постојат позитивни и негативни ликови, ниту пак има некое развиено дејство. Само она кое читателот го насетува. Ларсон црта без почеток и крај. Без каква било поука или каква било тенденција да морализира во своите панели. За Гери Ларсон дури е невозможно да се каже дали всушност црташе стрипови или карикатури?! Неговото дело се наоѓа некаде на половина пат меѓу овие две форми на визуелен израз. Според просторот (секогаш само еден панел), отсуството на дејствие, пренагласеноста на физичките недостатоци на актерите, пресвртот во само една реченица и по уште многу други нешта, би можело да се каже дека полето на делување на Ларсон е карикатурата. Сепак, не е толку едноставно. Во неговите цртежи има многу стриповски елементи.

... повеќе

01 



 

Гери Ларсон - Галерија на откачената страна 1


ГЕРИ ЛАРСОН - ЛИЧНА ПРИКАЗНА


Еден ден, многу, многу одамна, додека бев во музичката продавница во која што работев веќе една година, доживеав неочекувано откровение. Додека стоев до касата, небото одеднаш се отвори над мојата глава и група прекрасни ангели долетаа и почнаа да кружат околу мене. Со извонредна музикалност, нивните гласови ѕвонеа “ти ја мрааазиш твојата работа, ти ја мрааазиш твојата работа...” И потоа си заминаа. Но јас знаев дека тоа е вистина - ангелите не лажат. Ја мразев мојата работа.

Немаше ништо толку страшно во тоа, но, без предупредување, ме преплави сознанието дека тоа не е она што го сакам од животот. (Дури немавме ни добар попуст за вработените.) Сакав нешто повеќе. Агент за осигурување, продавач на сладолед, копач на гробови - многу нешта ми поминаа низ глава, но бев прилично дезориентиран.

Така зедов неколку слободни денови, отидов дома и размислував на таа тема. Се разбира, мислењето за криза во кариерата цели два дена, беше повеќе отколку што може да поднесе мојот капацитет за внимание (еден знак што навестува зошто цртам карикатури од еден панел наместо стрипови), па така, седнав на масата во кујната и започнав да цртам. Точно зошто, нема да знам никогаш. Освен интересот за списанието Мад во адолесценцијата и почитувањето за делата на Gahan Wilson во Playboy, не знаев ништо за светот на карикатурата. Но од друга страна, карикатурата не е баш поле кое бара факултетска диплома или дополнителни курсеви.

Влегов во виорот и нацртав половина дузина карикатури. Нето резултат беа шестте најлоши мали карикатури на сите времиња.

Следниот ден, ги однесов овие шест мали “скапоцености” во локалниот магазин во Сиетл наречен Pacific Search (сега Pacific Northwest) и, за чудо, го заслужив минимумот. На уредникот му се допаднаа и добив чек на девет долари. Одеднаш, бев опкружен со ангели кои пееја “ти саааакаш да црташ карикатури....”

 

... повеќе

 

 
   

home