Библиотека “Цепки

Руб Голдберг - Изумите на професорот Луцифер Горгонзола Батс

Професорот Сезнајко се обидел да ја закрпи дупката на бојлерот, и при тоа само што не се удавил...Откако го спасиле, на ум му паднала згодна замисла за вонбродски мотор што ќе работи без гориво...

Додека го подигнувате сидрото одеднаш ви излетува копче (А) и удира право во славината (B), по што пивото почнува да истечува во кофата (C). Натежнатата кофа почнува да го затега јажето (D), па пушката (Е) конечно испалува. Истрелот го преплашува галебот (F), кој веднаш полетува за да побара побезбедно место, но коцката мраз (G), што галебот дотогаш ја држеше во рамнотежа, се спушта во близината на вештачката вилица (H). Вештачката вилица притоа почнува да се тресе од студ, т.е. тресејќи се постепено го прегризува јажето (I); острото сечиво на ножот (Ј) на тој начин станува ослободено, па паѓајќи прави дупка во вреќата со пченка (К). Пченкарните зрна потекуваат во мрежата (L), чија сè поголема тежина конечно го отвара дното на кафезот (М), во кој има стутулена патка; патката тогаш испаѓа од кафезот и се заглавува во чаталот закачен за чамецот (N). Обидувајќи се да ја дофати пченката во мрежата, патката запливува со сета сила, придвижувајќи го на тој начин и самото кану...

Доколку, по сè, вештачката вилица продолжи да се тресе, уфрлете ја во неа својата гума за џвакање; на тој начин, барем привремено, ќе ја одморите својата вилица!