Библиотека “Цепки

Гери Ларсон - Галерија на откачената страна 1



 

... Ја напуштив работата во продавницата за музика и започнав да цртам, живеејќи од комбинацијата - малкуте пари што ги заработував и бесплатната соба и работната маса кај моите родители. И работите започнаа да се одвиваат прекрасно. Работев на мало дело наречено Narure’s Way - еднопанелна серија карикатури и собрав сила да му го покажам на уредникот на еден мал, неделен весник (Sumner News Rewieu). Му се допаднаа и почна да ме објавува редовно.

Совршената среќа што моите карикатури се објавуваат беше доволна да живеам некое време, но трите долари по карикатура што ги добивав наскоро почнаа да покажуваат отрезнувачки ефекти врз мојата визија дека со тоа ќе се бавам професионално. Не сум сигурен дали тоа беше страв од одбивање или нешто друго, но факт е дека почнав да одбегнувам да чукам на други врати или да ги праќам моите дела на различни издавачи. Така цртањето го одложив настрана и најдов “вистинска работа” - истражувач за локалното Humane Society.

Работите некое време течеа приближно нормално, колку што е тоа можно во мојот живот, а потоа, во 1979, еден новинар што го сретнав ги покажа моите карикатури на својот уредник, во Seattle Times. Nature's Way воскресна и започна да излегува неделно во нивното саботно издание - веднаш до детскиот крстозбор наречен “Junior Jumble” (знак дека проблемите се на повидок).

По една година, со висок степен на самодоверба (достигнав 15 долари за карикатура), направив храбар план за проширување на ова “објавувачко царство”: Во викендите кога бев слободен од работа, ќе го земев портфолиото и ќе се одвезев во Сан Франциско. Сé на сé, мојата мотивација се сведуваше на едно: да заработувам пари од нешто што сакам да го работам.

 

* * *


Во јануари 1980, серија еднопанелни карикатури наречена The Far Side дебитираше во San Francisco Chronicle, а неколку месеци подоцна, Chronicle Features официјално започна да ја нуди и на други весници.

Две години подоцна, Universal ја купи мојата прва книга исто така наречена The Far Side. На мое огромно изненадување и како колективен шок за пристојните љубители на Гарфилд, таа стана успешна книга. Така, природно, по истекот на мојот прв договор во 1984 година, преминав во новата компанија - Universal Press Syndicate.

Ете, тоа е приказната. Се разбира, не знам колку е таа навистина интересна, но сега веќе ја имате во вашите мозочни ќелии и “фатени” сте во неа.

home