т:темплум  

 

НОВИТЕ:2007
конкурс за најдобра дебитантска проза



 

На годинешниот конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис Новите! што веќе две години го организира издавачката куќа Темплум пристигнаа вкупно 14 ракописи.

Жири комисијата одржа четири работни состаноци.

Во потесниот избор за доделувањето на наградата влегоа пет ракописи, еден роман и четири збирки раскази: Фил Торта: Светлите души на мојот Истанбул (роман); Жанета Станоевска: Сладолед (збирка раскази); Дозгулпмус Доз: Раскази, Душко Гошевски: Писателот Варски и други раскази и Галијана Маркова: Полигони (збирка раскази).


Романот Светлите души на мојот Истанбул нуди шаренило ликови поставени во интересен интернационален контекст. Овој прозен текст на моменти може да се чита како своевидна хроника за еден град во конкретно време, но и како необичен литераризиран патопис. Авторот има умешност да го долови детаљот, лесно да ја конкретизира просторно-временската рамка, да ги оживее своите ликови. Недостаток на текстот е што целата таа низа од настани и ликови не е доволно хомогенизирана, во пречестите екскурси се губи самата приказна.

Расказите на Жанета Станоевска негуваат класичен реалистички пристап, со фино нијансирани ликови. Станоевска пред сè се интересира за развојот на приказната и психолошкото продлабочување на ликовите. Тоа го прави обидувајќи се да ги разложи натрупаните слоеви што се таложат врз површината на видливиот свет. Со прецизен јазичен израз, добро чувство за опис, можеби на моменти непотребна симболизација или метафоризација при изразот, нејзините раскази се пред сè читливи и лесни за перцепција.

Расказите на Дозгулпмус Доз ја носат младешката енергија на еден писател кој сака да си поигрува со книжевните контексти, а во неговото творештво одблесок наоѓа целиот поширок општествено-медиумски контекст во кој живееме. Станува збор за еден барокно разигран автор кој е најдобар кога умее “експериментот” да го сталожи и стави во рамка. Токму спротивното е неговиот проблем - тој често се исцрпува во играта која станува цел сама за себе, недоволно ги доработува своите текстови, кои често завршуваат без некој поголем ефект.

Во расказите на Душко Гошевски може да се види влијанието на минатогодишниот добитник на наградата Новите!, Алекс Букарски. Гошевски се труди да биде еден вид хроничар на животот кој е карактеристичен за студентската генерација која доаѓа од внатрешноста. Позитивните аспекти на неговото творештво се умешноста релативно лесно да долови одредена психолошка ситуација на ликовите и да го згусне нивниот однос со куси, речиси филмски реплики. Често некои од опишаните сцени и ситуации делуваат филмски, но тоа знае да биде и негативен аспект доколу тие се читаат само како одблесок на прочитаната лектира.

Жири комисијата едногласно одлучи наградата Новите! за најдобар дебитантски прозен ракопис да & ја додели на Галијана Маркова и нејзината збирка раскази Полигони.



Рецензија на Полигони од Галијана Маркова
<<
назад

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




































 

  д:дома