Ѓорѓи Крстевски - Обични и необични приказни [99]
Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на македонскиот писател и преведувач Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет. Суптилно комбинирајќи ги раскажувачките придобивки на мајсторите на оваа форма, Крстевски создава текстови во кои одмерено се мешаат апсурдот и лиричноста, поетското и неискажливото во секојдневието. Во расказите секогаш постои еден вид напнатост меѓу реалноста и обидот да се надминат нејзините ограничувања. Нараторот како посветен набљудувач го перципира светот околу себе, за од него да ги извади малите, делумно невидливи нерегуларности и апартности и од нив да ги создаде своите прози. Книгата е мошне компактна и во неа пулсира специфичен, затворен свет со свои правила и законитости.
Read more...
Антологија на светскиот расказ- Пат околу светот во 20 раскази [98]
Пат околу светот во 20 раскази „Пат околу светот во 20 раскази“ претставува антологија на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век. 20 застапени раскази нудат патување низ разновидните раскажувачки преокупации, поетики и жанрови кои доминираа со оваа форма.
Во книгата се застапени речиси сите модалитети на краткиот расказ: фантастика, магичен реализам, психолошки расказ, цртичка, реалистичен расказ, филозофски расказ, постмодернистички расказ, расказ со одредена политичка димензија...
Read more...
Радјард Киплинг - Најдобриот расказ на светот [97]
„Најдобриот расказ на светот“ претставува избор од најрепрезентативните раскази на Радјард Киплинг. Во книгата се забележува целата умешност на неговото раскажувачко мајсторство. Расказите изобилуваат со богатство од егзотични локации, живописни ликови од различни општествени слоеви, драматични човечки судбини. Јазикот е богат, полн со идиоми, технички и технолошки термини, како и нетипични јазични конструкции. Храбриот реализам, потресната носталгија, црната комедија, силното чувство на емпатија што при читањето се создава кон ликовите, дури и кога тие се отпадници од општество, предизвикуваат расказите да бидат привлечни за читање и еден век по нивното објавување.
Read more...
Итало Зево - Сенилност [96]
Романот „Сенилност“ е објавен во 1898 година и според многумина е најзначајно дело на Итало Звево. Иако напишана на крајот од XIX век, по својот сензибилитет „Сенилност“ ги најавува најважните книжевни опсесии на XX век. Тој е автор преокупиран со „окнижевување на животот“. Според него, дефинитивно „мртов“ е само оној живот кој не е прераскажан. Единствено ако постоењето го раскажеме или „окнижевиме“, односно ако го прочистиме низ филтерот на книжевноста, ќе можеме да се изземеме од „ужасниот, реален живот“, со тоа што низ литературниот збор одново ќе го оживиме виталното искуство од минатото, и сите оние желби и пориви кои во животот се често потиснати и задушени.
Read more...
Франц Кафка - Америка [95]
Америка е првиот недовршен роман на Франц Кафка, објавен постхумно во 1927 година. Романот ги опишува чудните талкања во САД на седумнаесетгодишниот иселеник од Европа, Карл Росман, присилен да замине во Њујорк по скандалот предизвикан од љубовната врска со една слугинка. Насловот Америка го дал неговиот пријател Макс Брод, кој го составил и објавил ракописот. Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.
Антун Густав Матош - Уморни раскази [94]
Творештвото на Матош е на некој начин пресвртно во историјата на хрватската книжевност: слободно може да се каже дека без неговите остварувања, посебно на полето на критиката, есејот и поезијата, не би постоела денешната хрватска книжевност. Многу подоцнежни хрватски автори не би биле можни доколку Матош не ја оттргнал хрватската книжевност од летаргијата на провинцијализмот и ја вовел во матицата на светската литература.
Read more...
|
|
|
|