|
Горанд
(Горан Дачев, 1970), најдобриот стрип
автор од помладата генерација. Во
почетокот под влијание на славниот
Роберт Крамб, но во поново време
почнува да се ослободува. Одличен
цртач, со не баш совршено развиено
чувство за нарација, Горанд е "татко"
на, во скопските кругови, важниот и
питорескен лик по има Копиљ, лик кој
по многу нешта е портрет на
изгубената и заглупената "транзициона"
млада генерација. Горанд, горе-долу,
за разлика од повеќето други помлади
стрип автори, работи континуирано и
успева да објавува по нешто и вон
границите на Македонија. |