|
Киро
Арсовски (1963), писател (драми, поезија),
музичар и цртач, веројатно
најавтентичниот андеграунд уметник
во Македонија. Член на бендот "Трачери".
Стриповите во графичка смисла му се
мошне рудиментарни (што е типично за
андерграунд школата, но сепак се
чувствува влијание на, на пример,
Георг Грос, Ото Дикс...); затоа, пак, по
чувството за нарација Арсовски
отскокнува од другите македонски
автори кои често заглавуваат во не
толку лесни за следење графички
експерименти. Има направено десетина
стрип приказни, или вкупно околу 200
табли, но и ист толкав број цртежи,
кои неодамна (јуни, 2000) ги изложуваше
во ВЦ-ата на Младинскиот културен
центар. |