СТРИП МАГАЗИН

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 

Миле Ничевски

 
 

Роден пролетта 1972 г. во Гевгелија. Од 1991 живее, студира и работи во Скопје, каде што се здобива со диплома по графика на ФЛУ. Како студент објавува стрипови и цртежи по локалните списанија(посериозно, со појавата на "Лифт"). Од 1998 живее и работи во Гевгелија како менаџер во Домот на културата. И понатаму се занимава со сликарство и цртеж.

АВИТАМИНОЗА - стрип во три табли:

Три страни свежа уметност од атељето на Ничевски

 

Каков почеток човече драги (прати ги моите траги)

со денови и ноќи шетам низ градот

...гол и бос... крв ми капе од нос

 

а нозете живи рани од од ладот

 

размислувам и брзо реагирам...

левата рака - подарок за градот...

 

 

 

За сиромасите некоја пара...

за барабите пар шамара...

 

за златцето мое цвет ...

... а за мене сончоглед

 

 

и додека со сончоглед одмарам се сетив на легенда стара...

па да сите ќорави а јас два пара!

 

< во врска со Самуил >

Го вадам едното око пошто стотиот воин сум јас!

За да ублажам бол специјална маст!

 

 

Нозете ги кратам за низок раст!

Слушам овации од сите страни народот ги цени моите рани!