|
|
|
Списание
за алтернативен и уметнички стрип за
пост-интелектуалци, пост-уметници,
мали моделари и макетонци, за транс-спорт
и комуникација |
|

|
 |
|
 |
|
Најновиот
број на печатеното издание на “Лифт“
на 130 страници, и за прв пат содржи
исклучиво стрипови на 14
македонски автори.
|
|
|
|
|
Првиот
број на "Лифт"
излезе во
почетокот на 1995-та година. До сега
се излезени 12 свески на преку 1200
страници. Списанието е замислено
како ревија за уметнички и
експериментален стрип која треба
да ги издигнува графичките
стандарди воопшто, не само оние
поврзани со стрипот туку во
поширока ликовна смисла. "Лифт"
е многу важен полигон и за
претставување на домашни автори;
досега беа
претставени преку 20 македонски
автори на речиси 700 страници (од
тоа 350 за проектот "Лабрис").
Бидејќи списанието е прилично
некомерцијално, досегашните
броеви главно излегуваа со (релативно
мала, доволна да ги покрие
печатарските трошоци) помош на
Министерството за култура (под
просветениот г. Унковски) и, во
почетокот, благодарение на
фондацијата Институт отворено
општество - Македонија. Со надеж дека
ќе го одржиме списанието, па макар
и во електронска форма, ја подготвивме
оваа мала архива на авторите што
објавувале во Лифт, овде
претставени со по неколку табли
или цртежи и со елементарни
биографски податоци (таму каде
што ги имавме). |
|
|
Стрип во Лифт
Македонскиот
стрип во движење - 2000/2001
Цел Лифт со
автори од Македонија! Тоа се случува
прв пат и, се разбира, не е последица
на нагло разбудениот изолационизам
или снажно нараснатиот национален
патос (иако парното истекува
истекува...); главна причина за тоа е
големата изложба СТРИП ВО ЛИФТ (македонскиот
стрип во движење 2000/2001) чиешто
одвивање низ градовите во Македонија
започна во Струмица во ноември 2000-та,
продолжи во Гевгелија во декември, во
Прилеп во јануари 2001-та, во Битола во
февруари 2001-та... Планирани се уште
неколку градови во земјата (Тетово,
Охрид, Скопје...).
Значи, овој дванаесетти Лифт во
седмата година од неговото
излегување всушност е еден вид
каталог за изложбата "Стрип во
Лифт". Тој сепак не ги опфаќа сите
дваесетина автори застапени на
изложбата (недостасуваат, т.е. во
моментов немаат нови стрипови
Александар Сотировски, Мирослав
Стојановиќ, Љупчо Јованов, Златко
Крстевски, Игор Костовски и Марјан
Камиловски), но во секој случај овој
Лифт е доволно репрезентативен да ја
претстави изложбата.
Оваа (прва!?, во историски рамки?!)
изложба на македонскиот стрип сепак
не е замислена премногу широко и нема
намера да ги покрие сите стрип-пројави
во Македонија, ниту во актуелниов миг
а уште помалку во некаква историска
смисла. Но, самиот факт што стрипот
кај нас баш и не е развиен ниту пак
има некаков логичен временски развој
(поткрепуван со списанија, теориски
текстови, публика...), на некој начин
ни ја олесни работата, така што
авторите што ги претставуваме
фактички - и во широчина и во
длабочина, и квалитативно и
квантитативно - ја претставуваат
целокупната македонска стрип сцена.
Она што ги поврзува повеќето автори
на оваа изложба (не сите!) е фактот
дека во изминативе шест години
објавуваа во списанието Лифт,
замислено, пред се`, како ревија за
уметнички и алтернативен стрип.
Изложбата е дел од проектот "Ширење
на маргините", поддржан од
швајцарската фондација "Про-Хелветиа".
|
|
|
|
|
|
|
|
|