СТРИП МАГАЗИН

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
 
   

Големиот стрип-проект Лабрис (преку 1000 табли) на авторите Александар Станковски и Пандалф Вулкански настануваше од 1991-та до 1994-та година и, во одредена мера, на еден малку "исчашен" и халуцинантен начин, беше реакција на распаѓањето на дотогашната СФРЈ, на војните што уследија и на осамостојувањето на Македонија. Драматуршките решенија во тој стрипско-епски лавиринт главно потекнуваа од г. Станковски (кој при цртањето користеше цела палета техники, од хемиско пенкало до масла на платно), додека густиот и на места прилично интелектуалниот текст е дело на г. Вулкански. Во Лифт до 2000-та беа објавени само околу 350 табли од "Лабрис".