СТРИП МАГАЗИН

 

Контакт телефони на 
Стрип магазинот “Лифт"

++389 91 317008
++389 91 332494

e-mail :
  templum@hotmail.com

Designed by KOMA

 

 

1/4

Атанас Ботев
Роден на 30.08.1973 во Скопје. Завршил Ликовна академија и пост-дипломски студии - Графика. Со стрип се занимава одамна, а неговиот прв обид да објави е стрип-конкурсот во Сараево 1988г. Инаку, свои стрипови, освен во Лифт, објавил и во Мак Стрип.

Горанд - Горан Дачев
Горанд (Горан Дачев, роден 1970 во Скопје), најдобриот стрип автор од помладата генерација. Во почетокот под влијание на славниот Роберт Крамб, но во поново време почнува да се ослободува. Одличен цртач, со не баш совршено развиено чувство за нарација, Горанд е "татко" на, во скопските кругови, важниот и питорескен лик по има Копиљ, лик кој по многу нешта е портрет на изгубената и заглупената "транзициона" млада генерација. Горанд, горе-долу, за разлика од повеќето други помлади стрип автори, работи континуирано и успева да објавува по нешто и вон границите на Македонија. Објавувал во Мак Стрип, Клик, Стрипбургер - Словенија и стрип-фанзини во Србија и Литванија.

Игор Тошевски
Игор Тошевски (роден 1962), графичар и сликар, последниве години живее надвор од земјава и работи сторибордови за филмови на големи американски компании. Еден од промоторите, уште од почетокот на осумдесеттите, на современиот стрип во Македонија (дотогаш стрипот кај нас имаше утилитарна, т.е. едукативна или пропагандистичка функција). Се бавел и со графичка илустрација, некои илустрации објавени во NewYorker. Последниве години на стрипот му приоаѓа од еден артифициелен агол, делумно занемарувајќи ги неговите линеарни наративни аспекти, и истакнувајќи го графизмот, црпејќи како од искуствата на поп артот (Лихтенштајн, Раушенберг), така и од некои современи стрип автори (Спигелман, Брнс итн.).
Александар Станковски
Александар Станковски (роден 1959), сликар со десетици изложби во земјава и надвор од неа; последниве десетина години се бави со стрип и филм (режисер на нискобуџетните експериментални филмови "Маклабас" и "Кокино"). На стрипот му приоѓа мошне неоптоварено и во последниве седум-осум години има изработено околу 2000 табли, главно со хемиско пенкало. Станува збор за големи наративни целини (стрипот Лабрис, коавторство со Пандалф Вулкански, има околу 1000 страници) кои дури можат да се гледаат како некаков вид на дневник или лавиринт.
Синиша Цветковски
Синиша Цветковски (1962), сликар и музичар. Важна фигура на македонската андерграунд сцена како радио водител и член на бендот "Трачери". Оформен под влијание на панкот (социјалното незадоволство и радикалната општествена критика снажно ја одбележуваат неговата работа), еден е од членовите на култната уметничка група "Зеро", која работеше во текот на осумдесеттите гравитирајќи кон славната чајџилница "Галерија 7". Со стрип се занимава неконзистентно, но со неколкуте објавени стрипови во списанието "Лифт" (поетика на колаж, брут арт, поп арт и мошне фина графичка обработка на буквите - се некои од карактеристиките на неговото стрип творештво) си го обезбедува местото на еден од најснажните македонски стрип автори.
Иванка Апостолова
Иванка Апостолова (1976), единствената девојка што објавува стрипови во Македонија; прави фини лирски, можеби малку дадаистички, малку пренатрупани колажи, и црта со јарки бои цртежи на монструми од својот сопствен бестиариум. Освен со стрип се занимава и со пишување поезија и со една прилично интересна форма на новинска рецензија (главно во "Студентски збор").
Киро Арсовски
Киро Арсовски (1963), писател (драми, поезија), музичар и цртач, веројатно најавтентичниот андеграунд уметник во Македонија. Член на бендот "Трачери". Стриповите во графичка смисла му се мошне рудиментарни (што е типично за андерграунд школата, но сепак се чувствува влијание на, на пример, Георг Грос, Ото Дикс...); затоа, пак, по чувството за нарација Арсовски отскокнува од другите македонски автори кои често заглавуваат во не толку лесни за следење графички експерименти. Има направено десетина стрип приказни, или вкупно околу 200 табли, но и ист толкав број цртежи, кои неодамна (јуни, 2000) ги изложуваше во ВЦ-ата на Младинскиот културен центар.
Љубо Стефанов
Љубо Стефанов (1975), се занимава со проучување на некои видови инсекти (ред Цолеоптера). Во последно време пишува книга за пеперутки (ред Лепидоптера), и одгледува деца.

 

Атанас Ботев

 

Горанд

 

Игор Тошевски

 

Алекс. Станковски

 

Синиша Цветковски

 

Иванка Апостолова

 

Киро Арсовски

 

Љубо Стефанов

 

Тони Пешев

 

Бобан Барбаре

 

Мирко Попов

 

Сотироски

 

Миле Ничевски

 

Мичо

 

Здравко Гигов

 

Љупчо Јованов

  В. Мартиноски - Гог
  Д-р Бонсек
  Диано Здравковиќ
  Секуловски  P. и J.
  Валентин Ивановски
  Сашо Поповски
  Златко Крстевски
  Мирослав Стојановиќ
  Псило и Вентолина
  Игор Костовски
  Смиле Цветановски
  Зоран Танев
  Марјан Камиловски