|
Синиша
Цветковски (1962), сликар и музичар.
Важна фигура на македонската
андерграунд сцена како радио водител
и член на бендот "Трачери".
Оформен под влијание на панкот (социјалното
незадоволство и радикалната
општествена критика снажно ја
одбележуваат неговата работа), еден е
од членовите на култната уметничка
група "Зеро", која работеше во
текот на осумдесеттите гравитирајќи
кон славната чајџилница "Галерија
7". Со стрип се занимава
неконзистентно, но со неколкуте
објавени стрипови во списанието "Лифт"
(поетика на колаж, брут арт, поп арт и
мошне фина графичка обработка на
буквите - се некои од
карактеристиките на неговото стрип
творештво) си го обезбедува местото
на еден од најснажните македонски
стрип автори. |