СТРИП МАГАЗИН

 

Tekstovi

Doma

 

 

Контакт телефони на 
Стрип магазинот “Лифт"

++389 91 317008
++389 91 332494

e-mail :
  templum@hotmail.com

 

Designed by KOMA

 



Џон Апдајк
УВОД ВО УМЕТНОСТА НА МИКИ МАУС

Уметноста и Мики Маус
Како уметниците го гледаат Мики Маус

Во уводниот текст Џон Апдајк го истражува развојот на Мики Маус и неговото влијание, и медитира за причините што го прават толку незаборавен. Неговиот одговор? "Се` е во ушите".
Kako umetnicite go gledaat Mickey Mouse

Се` е во ушите.Кога се роди Мики Маус, во 1927 година, светот на раната цртана анимација се исполни со двоножни зооморфни хуманоиди, чии необични полу-бели лица меѓусебно се разликуваа главно по ушите. Мачорот Феликс имаше триаголни уши а Освалд Зајакот (Oswald the Rabbit), првата успешна цртана креација на Волт Дизни што беше напуштена кога Чарлс Минц се обиде да ја присвои - имаше долги еластични уши, во неколку степени, за да личат на грива. Дизниевите Освалд филмови, и Алисовите анимации што им претходеа беа полни со глувци со линеарни екстремитети, јаки опашки, и уши кои се заоблени, но сè уште не тркалезни. Враќајќи се од Њујорк кон Калифорнија со воз, откако го оставија Освалд во мрежите на махинациите на господинот Минц, Волт и неговата сопруга Лилијан создадоа нов јунак, базиран - потврдуваат легендите за потеклото - на питомиот полски глушец кој имал обичај да се шета по старото студио на Дизни во Канзас Сити. Неговата прва идеја била глушецот да го нарече Мортимер: Лилијан го предложила помалку претенциозното име Мики. Некаде меѓу Чикаго и Лос Ангелос, младата двојка го склопи заплетот на првиот краток цртан филм на Мики - Plane Crazy, со партнерката Мини. Следниот краток цртан филм продуциран во новороденото Дизни студио - во кое освен него и Лилијан беа вклучени и неговиот брат Рој и стариот соработник од Канзас Сити, Ub Iwerks - беше Gallopin' Gaucho, во кој се запознавме со една дебела злобна мачка. Третиот краток цртан, Steamboat Willie, веќе го имаше препознатливиот лик, музиката, и прв пат беше емитуван 1928 година. Мики Маус влезе во историјата, како најтрајна и најопстојна измислица на Американската поп култура во овој век.
    Неговите уши се два добри црни круга, без оглед на аголот под кој ја држи главата. Тридимензионалните слики на Мики Маус - куклите-играчки, или хартиените маски што ги носат гротескните Микиевци во Дизниленд, не` прават да се чувствуваме нелагодно, како ушите да стојат и странично и фронтално. Овие уши вообичаено му припаѓаат на тродимензионалниот свет но во една идеална поимна реалност, на симболизацијата, на отпорноста и неуништливоста на цртаните филмови. Во цртежите, кога Мики е во профил, едно уво е назад на главата како сферична грива или како секундарен балон во компјутерски генерирана Манделброова слика. Надреалната оптичка доследност е дел од светот на цртаните, половина пат меѓу нашиот свет и светот на чистите симболи, букви и заштитни знаци.
   За шеесет и четири години*(се мисли до 1991 г. - заб. на пр.) откако се појавува Мики Маус, ушите, иако малку пофлексибилни од класичните израстоци од триесеттите, суштински не се променија. Многу други модификации беа направени на првиот сиров цртан филм, роден во ерата на соголената, укочена
 


-на врвот:
Волт Дизниевиот Освалд Зајакот
-во средина:
Мачорот Феликс на Отто Месмер
-на дното:
Раниот Мики Маус

стилизација. Белите ракавици се појавија по овие рани филмови, за да ги покријат црните дланки. Инфантилните голи гради и шорцевите со две копчиња беа променети во четириесеттите. Очите поминаа низ бројни промени, најдрастични во доцните триесетти, кога, како што погрешно тврдат некои историчари, добија зеници: не е така: старите очи - црни елипси со зрак на одраз од страните, БЕА зеници: белите очи го пополнуваа целиот простор под црната капа. Ова јасно може да се види кај Мини: кога таа го шминка своите очни капаци, раскошната сенка се распростира по целата должина на она што може да се смета за чело. Но сите стари анимирани животни се креирани на овој начин, почнувајќи од Мачорот Феликс наваму. Феликс имаше пониски очни капаци, а исто така и Мики во Plane Crazy. Така, погрешен чекор беше заменувањето во 1938-та година на старите сјајни црни зеници со цели овални очи, со сопствени зеници во внатрешноста. Промената го направи Мики поблизок до нас луѓето, но истовремено му одзема дел од виталноста, живоста, неговата со ширум отворени очи спремност за цртани авантури. Го направи помалку апстрактен, помалку ироничен, повеќе едноставно допадлив, џуџест. Оригиналниот Мики, додека трчаше и скокаше во раните анимирани шорцеви, беше слабичок и жилав, со повеќе дрскост и безочност на вистински глодар. Постепено тој беше заоблуван до пропорции на дете, регресија жигосана од неговите (карактеристични за педесеттите) манифестации како гениј на детските телевизиски емисии, во Клубот Мики Маус, со своите живи Мускетари...

Мистеријата на Микиевите уши цртана од стариот соработник на Дизни,
Ward Kimball.
     Неговата прва иконичка манифестација имаше нешто од Чаплин во себе: тој беше мало момче, на границата на респектибилното, неговите тркалезни уши, како две минимални парички, арогантно демократско човече. Неговото име влезе во јазикот како збор за нешто мало, кревко. Децата на мојата генерација - гледајќи го секоја сабота попладне во локалните кина - чувствуваа дека Мики Маус е еден од нас, мост кон светот на возрасните, во кој Пајо Паторот со својот детски морнарски костум беше раздразлив, тирански член. Мики не бараше невољи, и не се жалеше, се тркалаше наоколу и се изненадуваше самиот себеси а и нас, кога, како на пример во Малиот кројач, ќе покажеше воинственост и вештина и ќе добиеше, уште еднаш, срамежлив бакнеж од неговата мила Мини... Мики беше ѕвезда до 1940-та година. Но слично како Мерлин Монро, токму кога неговата кариера заврши, животот како поп икона доби на сила. Америка денес што не е симболизирана со вујко Сем, е симболизирана со Мики Маус. Тој е Америка каква што таа се замислува себеси - храбра, атрактивна, инвентивна, снаодлива, игрива...
   Како и Америка, Мики има многу црна крв. Овој факт ми стана јасен во еден разговор со Сол Стеинберг, којшто се обиде да ја прикаже расно мешаната реалност на улиците на Њујорк за суперсензитивниот и расно - слеп New Yorker во шеесеттите и седумдесеттите...
  Со своите тркалезни црни уши и жолти чевли, Мики има душа. Ако погледнеме наназад на раните анимации како што е на пример серијата Бошко и Медот на Looney Tune (1930-36) и Арапските фигури во Дизниевиот сопствен Мики во Арабија во 1932, гледаме дека црнците се многу повеќе цртани така да личат на животни, со рамни копчести носови и големи бели очи што формираат дупли лакови на интересно зашиленото капче. Еластичноста, живоста, ведрината и безделничењето на јунаците од цртаните филмови беа ускладени со популарните слики на Афро-Американците кои беа веќе претходно разработени...
   До 1950, анимираните филмови, како и филмовите воопшто, содржеа карикатури на црнци што денес би биле неприфатливи...
   (...)
   Дизни, во едно интервју во триесеттите, вели, "Понекогаш се обидувам да сфатам зошто Мики се прослави во целиот свет. Многумина се обидуваат да
 

Мини Маус со карактеристичните полу-затворени очи.

го разберат тоа но никој не успеа. Тој е мошне фино момче што никому никогаш не му прави ништо лошо, кој упаѓа во проблеми и гужви не по своја вина, но секогаш успева да се извлече со насмевка." Ова можеби е слика на Дизни за самиот себе; дваесет години тој го играше гласот на Мики во филмовите и често велеше: "има многу од Маус во мене." Мики е карактер создаден со негова сопствена рака, хранет со неговите сеќавања инспирирани од глушецот во студиото во Канзас Сити и на фармата во Мисури каде што неговиот борбен татко едно време се обидуваше да живее. Волтовите скромни, тешки почетоци останаа вградени во глушецот, кого што Нацистите, во хајката против Сојузничките војски инспирирани од Мики (Сојузничката лозинка за Д-Денот беше "Мики Маус"), го нарекоа "најмизерниот идеал на сите времиња...глушец и валкан".
   Но дали Дизни, како и Мики беше "едно мошне фино момче"? Тој беше речиси растргнат од својот компулзивен перфекционизам, својата Наполеонска способност да раководи со луѓето, да презема ризици во име на уметничките супер храбри визии.Тој беше еден од оние големи Американци, како Едисон и Хенри Форд, кои се пронајдоа себеси во полето на новите технологии - во случајот на Дизни, филмската анимација ќе постоеше и без него, но нема многу луѓе кои ги достигнаа и оцртаа севкупните нејзини потенцијали, и кои создадоа кралства. Во времето помеѓу Steamboat Willie и Fantazia, Дизниевите студија ја доведоа уметноста на анимацијата до такви височини на амбиција и достигнувања какви што никогаш не би достигнала самата, а Дизниевата лична воодушевеност
и страст беа поттикнувачка сила. Тој создаде царство на духот а негов крал е Мики Маус.
   (...)
   Неописива е едноставната љубов што ја чувствуваше мојата генерација, што израсна со Мики. Се сеќавам дека плачев кога локалниот весник ги укина стрип страниците во обидот да ја преживее Втората Светска Војна, елиминирајќи го со тоа Мики Маус стрипот. Бев доволно возрасен, имав девет или десет години, за да напишам протестно писмо до редакцијата и уредникот. Но всушност, стриповите беа укинати со гласање на читателите и мојата разочараност и тага растеа со сознанието дека никој друг не го сака Мики Маус колку мене. Во заклучокот на мои детски белешки напишани пред триесетина години, пронајдов една реченица што се однесува на друго момче, мој ривал: " Двајцата ги собиравме "Големите мали книги" и тој ми понуди висока цена за мојот вреден пронајдок (на таванот на едно трето момче) на првиот Мики Маус. Се` уште јасно ја гледам таа книга. Ја сакав толку многу,
 

Мики во турбан во една епизода на "Мики во Арабија", 1932
нејзината хартија пожолтена од времето и цртежите направени во Дизниевиот првобитен стил, кога црните гради на Мики се голи како на дете и неговите очи се две обележени заоблувања." Еднаш се обидов да напишам кратка приказна наречена "Сензацијата Мики Маус", обидувајќи се во возрасното искуство да ги привикам како воскреснати мртовци,

тие неописиви детски сензации - тој мирис, вкус, чувството на суперприродна чистотија, и возбуденоста што Мики Маус ми ја овозможи и се` уште ми ја дава, се` поинспиративна со годините, се` уште. Тој е "гениј" во буквалната речничка смисла на зборот, неговите кревки гради, неговите трогателно големи жолти чевли, мистериозното место на позадината на неговите шорцеви од каде што излегува неговата опашка, малиот израсток како јазик, црвен како роза, светкав како бомбона, со својата цивкава разоружувачка насмевка.
   Да не ги спомнувам неговите уши.



подготви В.С.
извор:
THE ART OD MICKEY MOUSE.
Craig Yoe & Janet Morra-Yoe

Мики опкружен со сите удобности и главоболки на домот  

Уметноста и Мики Маус
Како уметниците го гледаат Мики Маус

Kako umetnicite go gledaat Mickey Mouse