|
Игор
Тошевски (роден 1962), графичар и сликар,
последниве години живее надвор од
земјава и работи сторибордови за
филмови на големи американски
компании. Еден од промоторите, уште
од почетокот на осумдесеттите, на
современиот стрип во Македонија (дотогаш
стрипот кај нас имаше утилитарна, т.е.
едукативна или пропагандистичка
функција). Се бавел и со графичка
илустрација, некои илустрации
објавени во NewYorker. Последниве години
на стрипот му приоаѓа од еден
артифициелен агол, делумно
занемарувајќи ги неговите линеарни
наративни аспекти, и истакнувајќи го
графизмот, црпејќи како од
искуствата на поп артот (Лихтенштајн,
Раушенберг), така и од некои
современи стрип автори (Спигелман,
Брнс итн.). |