www.unet.com.mk/kiril
Кирил
Џајковски, веќе потврден
композитор и откривач на новите
"space" светови. Поранешниот
лидер на Бастион и член на Леб
и Сол веќе повеќе години
експериментира и креира solo.
Неговите албуми Sinthetic Theatre и Primitive
Science се најдобриот звук што се
појавил во Македонија
последниве години.
www.futdesign.com
Еден од
најатрактивните сајтови за
дизајн што се појавиле кај нас.
Мало уметничко дело на Филп
Унковски што ги задоволува
светските стандарди.
http://dir.yahoo.com/Arts/Artists/Masters/Painters/Bacon__Francis__1909_1992_/
Френсис
Бекон, најпровокативниот и
најрепрезентативниот британски
уметни во 20-от век, е типична
слика за времето во коешто живее.
Неговото дело е приказ на
битката помеѓу хуманоста и
бестијалноста. Во Маргина 48 ќе ја
прочитате приказната за
неговиот живот и творештво.
http://www.levity.com/alchemy/kafanov.html
Уште еден "вонземјанин"
од исток го освојува западот!
Рускиот уметник Кафнов, кој во
моментов живее и работи во
Америка е "ин" во
уметничките алтернативни
кругови. Неговите слики
покажуваат дека нашиот свет може
да биде повеќе фантастичен
отколку реален. За него читајте и
во Маргина 49.