Библиотеки
Biblioteki / Vlijanija
lokalna.GIF (954 bytes)

Локална сцена

  

linija-amb-koc.gif (138 bytes)

linija-amb.gif (388 bytes)
prizrak protiv senka.GIF (1822 bytes)

ПРИЗРАК ПРОТИВ СЕНКА - Пандалф Вулкански

Неверојатна книга! Имаме чувство на едно чудесновишно возење низ раскошен луна- парк! Виртуозно менување на брзините и пределите! Има сe: од акција, суровост и афектации до тишини, мудрост и медитација!

Иако зад тие анимирани суштества (" суштества" чија " суштина" трепка и исчезнува, секогаш наоѓајќи се токму на оној раб каде што се минува во Сенки и Призраци!) се таложи длабока референтна заднина (многубројни алузии на книги и филмови), читањето ни во еден момент не станува отежнато...

Книгава е учебник како се креира со рециклирање, како хуморот се претвора во иронија, а иронијата во емпатија...

Ако го сакате Бетмен- супер!

Ако го сакате Гринавеј- фино...

Ако ги сакате обајцата- ова е вистинска книга за вас!

ЦЕНА: 6 ДМ. ( формат 21 x 15 см., 88 стр.)

backhomeup

  

linija-amb-koc.gif (138 bytes)

linija-amb.gif (388 bytes)
Prokopiev.GIF (2732 bytes)

ДАЛИ КАЛИМАХ БЕШЕ ПОСМОДЕРНИСТ - Александар Прокопиев

Во една убава и цврста ерудитска организација, авторот Прокопиев ги следи и останатите необични, но аргументирани компаративни истражувања од историјата на идеите. Релацијата де Кирико- Калвино, особено вдахновено и документирано пренесена, носи и една предлог- перспектива за нивно взаемно разрешување. Меѓутоа, и односот на човековата потреба од сигурност и топлина- и неговата надеж дека ќе ја најде во театарот; или релацијата на бајката и цртаниот филм, испирувани се со таа страст што му давала сила и на Јасон или Калимах, како и на Архимед или Борхес- секогаш соочена со своето доцнење и својата навременост. Полноќното рондо, што го танцуваат Хулио Кортасар и Алиса од "Земјата на чудата", за кое пишува еден од најпонесените есеи од оваа збирка на Прокопиев, истото е рондо што ја дирижира партитурата која човечкиот живот постапно, низ фуриозното финале, го доведува до " човечкиот прав".

Образуван и темпераментен, понесен и ироничен, Прокопиев ја дефинира онаа своја творечка физиономија по која тој веќе е и познат и омилен: благороден, жив, умен, во потрага по лекот што само Уметноста може да го даде!

( Ферид Мухиќ )

ЦЕНА: 7 ДМ. ( формат 21 см., 76 стр.)

backhomeupforward

linija-amb-koc.gif (138 bytes)

linija-amb.gif (388 bytes)
Biblioteki / Vlijanija