|

|
|
 |
|
Иштван Еркењ
Едноминутни новели
|
|
|
Упатство
за употреба |
Наспроти тоа што се куси,
приложениве новели се полноважни текстови.
Една од нивните предности е во тоа што на човека му штедат
време, бидејќи не бараат повеќенеделно или повеќемесечно
внимание.
Додека јајцето се свари, или додека не се јави повиканиот број
(ако е зафатен) да прочитаме една Едноминутна новела.
Нема да пречи ни лошото расположение, или нервозата. Можеме да
ги читаме седејќи или стоејќи, на ветер или дожд, дури и во
преполн автобус. Во повеќето од нив можеме да уживаме дури и
чекорејќи!
Важно е да водиме сметка за насловите. Авторот се стремел кон
концизност, затоа не можел да дава наслови што ништо не
значат. Пред да се качиме во некој трамвај, го погледнуваме
бројот што го носи. Насловот исто така е важен составен дел од
приказната.
Се разбира, тоа не значи дека е доволно да се читаат само
насловите. Најнапред насловот, потоа текстот: тоа е
единствениот правилен начин на употреба.
Внимание!
Ако некој нешто не разбира, повторно нека го прочита
посочениот текст. Ако ни тогаш не го разбере, грешката е во
приказната.
Нема глупави луѓе, само лоши Едноминутни новели! |
|
  |
|
|
|
|