|
 |
|
Иштван Еркењ
Едноминутни новели
|
|
|
Залудно ни успева да разјасниме некое прашање, веднаш се појавува следната загатка |
Еден малецок страк глуварче излезе од тоалетот и седна на
веце-шолјата. Тогаш се сети на нешто. Па тој е билка, нема ни
црева, ни столица. Што, тогаш, бара овде?!
Е па, барем тоа сега е јасно! Малото глуварче си стана и се
врати меѓу гостите со незавршена работа. Кога домаќинката (со
англиска кралска крв, која прославуваше роденден) упати кон
него еден прашален поглед, тоа се насмевна, но како
објаснување го рече само ова:
- Се случи едно мало недоразбирање.
И се упати кон бифето, бидејќи посака да пие шампањско... “Ќе
биде добар штос”, си помисли здогледувајќи ги витките чаши,
“ако се испостави дека не умеам ни да пијам!”
|
|
   |
|
|
|
|