|
 |
|
Иштван Еркењ
Едноминутни новели
|
|
Смртта на
актерот |
Денес претпладне во една споредна улица во непосредна близина
на булеварот Илеи падна во бессознание Золтан Зетелаки,
популарниот сценски уметник.
Минувачите го однесоа во блиската клиника, но таму сите обиди
и со најсовремени достигнувања на медицинската наука - дури и
со помош на железни бели дробови - да го вратат во живот,
останаа залудни. Истакнатиот актер, по долгата борба за живот,
почина во шест и триесет вечерта; неговите посмртни останки се
префрлени во Институтот за патологија.
И покрај трагичниот настан, вечерната претстава на Крал Лир
помина непречено. Зетелаки, иако малку задоцни, во првиот чин
делуваше премногу изморено (понекогаш се гледаше дека му е
потребна помошта на суфлерот), но потоа сè подобро се
снаоѓаше, а веќе на крајот, смртта на кралот толку убедливо ја
изведе што беше награден со голем аплауз на отворената сцена.
Потоа го поканија на вечера, но не прифати. Само рече:
- Денес имав тежок ден. |
|
   |
|
|
|
|