|
 |
|
Иштван Еркењ
Едноминутни новели
|
|
|
Феномен |
Една тапа која во ништо не се
разликуваше од другите тапи (се претставуваше како Шандор Г.
Хирт, ама што значи едно име? Едно име ништо не значи), падна
во вода.
Одредено време, како што можеше и да се очекува, пловеше по
површината, а потоа се случи нешто невообичаено. Почна полека
да тоне, потона на дното и веќе не исплови.
Објаснување нема.
|
|
   |
|
|
|
|