|
 |
|
Иштван Еркењ
Едноминутни новели
|
|
Слика на
едно време
|
Тетка Б. има над шеесет години.
Нејзиниот син и снаата заминаа во Канада пред десетина години;
ретко ù пишуваат, а досега ù испратиле едвај два пакета.
Нејзините алишта се износени, веќе одамна излезени од мода,
таа толку многу се здебели што сосема го изгуби својот облик.
Сепак секое попладне се дотерува и во една излижана наметка од
лисица и чевли со врвки, целите излижани и со искривени
потпетици, шетка половина час наоколу пред најелегантниот
хотел на градот.
Штом на влезот се појавува некој осамен странец му се
насмевнува и многу гласно - оти сепак не смее да пријде
премногу близу до влезот - му довикува:
- Нур дреи Доллар!
Нејзиниот провокативен стил на движење и викање дејствуваат
прилично збунувачки пред вратите на еден голем елегантен
хотел, меѓутоа надлежните - портирот, некој од полицајците или
минувачите - сепак не се осмелуваат да ја опоменат.
Мислат дека е од јавната служба. |
|
   |
|
|
|
|