Библиотека “Магма“


 

Иштван Еркењ
Едноминутни новели
































 

 

 
Професионална гордост
Јас сум од тврд материјал!
Умеам да се контролирам себеси.
Ништо на мене не можеше да се забележи, иако стануваше збор за долгогодишна напорна работа, признавање на мојот талент, целата моја иднина.
- Јас сум уменик за имитирање животни - реков.
- Што знаете? - праша директорот.
- Имитирам птичјо пеење.
- За жал - одмавна со главата - тоа веќе одамна е демоде.
- Како, молам? Гугање на грлица? Џивџивкање на ридско врапче? Крчење на препелица? Гракање на галеби? Пеење на чучулига?
- Пассé - рече директорот со израз на бескрајна досада на лицето.
Тоа заболе. Но, мислам дека не се забележа на мене.
- Догледање - реков учтиво и излетав низ отворениот прозорец.