Библиотека “Магма“


Анри Мишо
ВО ЗЕМЈАТА НА МАГИЈАТА

 

Бродови

Тие необично се снаоѓаат во занаетчиски и индустриски работи. Еден ден, меѓу другите наши пронајдоци, им го објаснував управувањето на брод со три катарки, што особено ги интересираше. Грижливо и колку што можев подобро им ги нацртав катарките и јарболите, јарболот за големата корпа, јарболот за големиот папагал, јарболот за едрото, а потоа кога поразговарав со најпасионираниот меѓу слушателите, сфатив дека тој мислел дека едрата се растегнуваат со помош на револвер, односно преку куршуми; ќе се испука, на пример, кон јарболот на едрото, и тоа ќе се рашири.

Така тие ненамерно го мешаат чудото со науката. Морав постојано да ги поправам: “Не, петелот нема врска со возовите! Не! ритуалот на громот не ни е неопходен за да ги запалиме нашите електрични ламби...” Но, тие во тоа и понатаму се сомневаа и трагаа по тоа што би можел да им го сокријам.

 










10 дома 12