|
Волшебниците ги мразат нашите распрснувачки
мисли. Тие сакаат да останат фокусирани врз еден предмет на
медитација. Тие предмети се најинтимните, најзгуснатите,
најволшебните на светот.
Првите, но не и најважни, се дванаесет на број,
и тоа:
Примордијалните приквечерини.
Лабавиот ланец и облачниот број.
Хаосот хранет со скалила.
Просторот-риба и просторот-океан.
Непресметливиот трапез.
Кочијата од нерви.
Етеричното чудовиште.
Зракот од слама.
Шкорпијата-граница и целата шкорпија.
Духот на ѕвездите на умирање.
Господарите на кругот.
Јавната реинкарнација.
Без тие основни поими не може да има вистинска
комуникација со луѓето од таа земја. |