Библиотека “Магма“


Анри Мишо
ВО ЗЕМЈАТА НА МАГИЈАТА

 

Да му се затегне јажето

Некој зборува. Одненадеж го обзема едно незапирливо кивање, очигледно целосно непредвидливо. Слушателите сфаќаат: “Го затегнале со јаже”, си мислат и си заминуваат смеејќи се. Тие интерни опомени, што ги упатуваат Волшебниците, одат дури и до спазма, до грчење и до ангина на градите.

Тоа го нарекуваат “затегање со јаже”. Се вели исто така “Силно го затегнале”, без дополнителни дообјаснувања.

Видовме луѓе во агонија на кои не им фалеше ништо, освен што “ТОА” ги стегнало сериозно.

 
















2 дома 4