|
 |
Стар обичај е да се цица земјата пред да се зборува. Тоа што
се губи во брзината, се надополнува во промисленост, во
понизност, во, не знам, во нешто што е истовремено и
грандиозно и прикладно.
Да се присетиме дека имаме работа со една од цивилизациите на
Земјата. Една од ретките, единствената, која го живее своето
златно доба под земја, најверојатно - изворот на нивните
магиски сили.
Дури и денес, општо правило е да се минува зрелото доба под
Земја (или попрецизно, крајот од зрелото доба). Така, во
вистинско време се обновуваат силите на староста, која мора да
биде време за ослободување. |