|
 |
Биваше ли градовите во таа земја на магијата, коишто сепак ми
се допаѓаа, истовремено да ми бидат и неподносливи? Збеснував,
полудував, зажалував што не сум веќе дете за да го имам сé
уште правото да врескам, да плачам, да удирам со нога, да се
жалам кај некого. Што да се прави? Слушав само забелешки:
“Ви телефонираа. Штотуку ви телефонираа (или можам да кажам “телекомуницираа”?)
Пак ви телефонираа... Што тоа значи? Зошто не одговоривте?”
Тие не можат ни да замислат дека ние не ги слушаме нивните
окултни пораки, дека не ги читаме зборовите со големи букви по
ѕидовите, трипати подвлечени.
На врвот од очајанието, со глава којашто ми бучеше од сето тоа
што го чувствував патем, без да можам да ја разрешам таа
глупава немоќ, кога јасновидоста трчаше по улиците, понекогаш
се обидував да нагаѓам, како кога се игра рулет. Како и на
рулет, губев. Каква јанѕа! И повторно се враќав на село,
засрамен, завидлив, зазлобен. |