|
 |
Волшебникот Ани тврди дека на жената што ја бара може да ù го
земе нејзиното пси... (“пси” не е двојник) и да го привлече
кај себе. Таа може да помине некое време без пси; првин не ја
ни забележува загубата, но потем тој го милува нејзиното пси,
и малку-помалку, иако, без да чувствува ништо освен расеаност,
жената се доближува до местото каде што се наоѓа нејзиното пси.
И колку што повеќе се приближува, толку се чувствува подобро,
сé додека, без да знае, не се спои со него. И токму тогаш,
љубовта на мажот е веќе влезена во неа. |