|
|
Колеџ Стејшн, Тексас –
Земјоделските научници ширум светот го поздравија
најголемото откритие на подрачјето на биотехнологијата уште од
времето на претходното откритие што ги создаде бројните
проблеми.
Хемичарите од тексашката компанија А&М, во понеделникот на
јавноста ù го открија Зовирекс-10, новиот револуционерен
фунгицид што успешно го сузбива развојот на габички кои
неочекувано се појавија како последица на претходното големо
откритие (во јули 2000), хибридното семе од соја што расте
десет пати подобро во земја презаситена со хемиски хербициди.
Габичката што (да не беше случајно сопрена) веројатно ќе
уништеше 98% од сите посеви на соја низ целиот свет и со тоа
ќе предизвикаше невидена еколошка катастрофа, овозможи нов
напредок на полето на науката, тврдат научниците.
Станува збор за едно неверојатно откритие, рече д-р
Нејтан Оберст, водител на проектот и човек заслужен за двете
откритија. Кога го откривме хибридното семе на соја, го
сметавме за фантастично. Откако непознатиот сој габочки во
застрашувачки размери почна да ги пустоши насадите со соја,
помисливме дека некаде сме згрешиле, но сега е сосема јасно
дека потенцијалната глобална катастрофа беше предуслов за
новиот чекор напред.
Оберст ги отфрла обвинувањата дека новото биотехнолошко
откритие со кое ќе се решат неочекуваните последици од
претходното биотехнолошко откритие се дел од опасната
Мебиусова верига.
Поигрувањето со природата без познавање на долготрајните
последици можеби се чини опасно, истакна д-р Оберст. Но, токму
можноста за еколошка катастрофа предизвикана од кусогледото
поигрување со природните сили ни ги отвора вратите за
понатамошни позитивни промени на светот што нè опкружува. |
Оберст ги ублажи тврдењата според
кои, ако Зовирекс-10 стигне до подземните води ќе уништи 70%
од рибите и водените растенија, ќе отруе 35% од населението и
ќе ја зголеми температурата на морето за 7 степени.
Ако е тоа вистина, не знам зошто во тоа би требало да
препознаеме катастрофа, изјави тој. Модерната наука ја краси
долга и внимателно документирана историја од обиди да се
поправат грешките со кои претходно таа го загрозила светот.
Уверен сум дека науката и во случај на најлошото можно
сценарио некако ќе успее да ја реши работата. На крајот на
краиштата, тоа е и задача на науката.
Според зборовите на Оберст, погрешните и опасните технолошки
откритија го овозможиле развојот на новите сознанија од сите
научни полиња.
Земете ја, на пример, хидрогенската бомба, рече Оберст.
Бомбата не е само восхитувачко откритие на полето на физиката
туку треба да ù бидеме благодарни за сето стекнато знаење
околу многу други појави, како што се последиците од
радијацијата, начинот на изградба на засолништа или паѓањето
коса. Науката ниже откритие по откритие со што настојува да ги
реши проблемите предизвикани од атомската бомба. Без атомската
бомба немаше да знаеме ништо за потенцијалните проблеми врзани
со употребата на истата.
Глобалните катастрофи што непрекинато ги создава човекот не
треба да се сфаќаат како нешто лошо, додаде Оберст.
Треба да ги сметаме за извори на нови научни откритија. |
|