|
|
Бостон – Судиите на
Врховниот суд во Масачусетс во понеделникот со 5 наспрема 2
гласа донесоа полноправна одлука што важи за сите без исклучок,
според која сите граѓани мораат да стапат во брак со парнер од
ист пол. Со одлуката истовремено се поништуваат сите дотогаш
склопени хетеросексуални бракови и така се поставуваат
темелите за 2,4 милиони принудни истополови бракови кои треба
да бидат склопени до 15 мај.
Како што ни е на сите познато, истополовите и
хетеросексуалните бракови не можат да постојат паралелно,
рече претседателката на судот Маргарет Х. Маршал. Одлуката
што ја донесовме во ноември е само првиот чекор во создавањето
на сè-хомосексуален Масачусетс.
Маршал додаде: Со оглед на тоа дека допуштањето на
истополови бракови ги поткопува хетеросексуалните врски,
одлучивме да делуваме однапред и целосно ги забранивме
браковите меѓу партнери од спротивен пол.
Потоа судиите ги поздравија сите 4,8 милиони жители кои според
годините имаат право да стапат во брак и им ја честитаа
новостекнатата законска обврска.
Ако нешто нè учи нашата историја тоа е дека поинаквите
никогаш не се еднакви, рече Маршал. Секоја одлука што не би
одговарала на укинувањето на конвенционалниот брак и налогот
за склопување истополов брак би претставувала навреда за
истополовите заедници. Уверена сум дека сите разумни луѓе ќе
ја сфатат одлуката како единствено решение на долготрајниот
спор околу бракот кој ја потресусува не само нашата држава
туку и цела Америка.
Маршал потоа ја објави својата веридба со воспитувачката во
градинката Холјок, Бетси Питерсон, при што случајното
извекување двојки го извршил компјутерот од уредот за попис на
населението.
Сите што нема да одлучат да се венчаат приватно ќе бидат
упатени на некоја од масовните свадби што редовно ќе се
одржуваат во паркот Фенвеј, на стадионот Жилет и во
бостонскиот Изложбен центар. Секој граѓанин кој до пропишаниот
датум нема да стапи во истополов брак или реши да остане во
противзаконска хетеросексуална врска ќе биде уапсен и суден
поради недавање поддршка.
Неколку стотици збунети и гласни демонстранти во понеделникот
ја исполнија улицата пред градското собрание, мавтајќи со
американски и шарени знаменца. Меѓу протестните песни што
повремено можеа да се чујат вреди да се истакне Хеј, хеј,
хеја, хај на хомофобијата мораше да ù дојде крај, но искрено
ова е заебано; може Адам и Ева или Адам и Чип, но не и Адам со
некој случајно одбран тип. Некои демонстранти носеа
транспаренти со натпис, Бостонските христијани се
подготвени на компромис. |
Според полициските извештаи,
демонстрантите биле гласни, но мирни.
Несветата заедница луѓе од ист пол ја уништува единствената
романтична врска која ја пропишува нашиот Небесен Господар:
љубовта меѓу мажот и жената, рече 54-годишната
демонстрантка Роуз Шулц. Јас и мојата нова партнерка Хелен ќе
гориме во пеколот.
Со оваа очекувана одлука се поставени темелите за
понатамошната расправа околу уставот на Масачусетс, при што
стручњаците за уставно право ќе ја разгледаат можноста за
донесување амандман со кој бракот би се дефинирал како
заедница меѓу две личности од ист пол. Да не беше донесена
оваа одлука, изјави републиканецот Мајкл Феста,
гласањето за амандманот, а и неговата трауматична венчавка
со гласноговорникот на Конгресот и неговиот долгогодишен
политички противник Томас Финеран, ќе се оптегнеше во
недоглед.
Ова е победа не само за нашата држава, туку и за цела
Америка, рече Феста. Простото изедначување на правниот статус
на хомосексуалните и хетеросексуалните двојки не беше нашата
главна цел. Одлуката за задолжително стапување во
хомосексуален брак на државно ниво е темел за некои побитни
одлуки како што се: озаконувањето на содомијата, па во
догледно време и легализацијата на бестијалноста и
педофилијата.
Масачусетс е меѓу државите со најголем број хомосексуални
домаќинства во САД, а според извештајот од 2000 година таквите
домаќинства изнесуваат 1,3%. Со донесувањето на новиот закон
тој број ќе се зголеми на 98,7%. |
|