Библиотека “Магма“
 

THE ONION
 

Избор текстови од сатиричното списание
THE ONION

Можен пресврт на надворешната политика на САД
САД мора да ја намалат својата
зависност од немирите во странство

 

Вашингтон, ДЦ - Според извештајот на Като институтот објавен минатиот понеделник, САД станале претерано зависни од немирите во странство, кога станува збор за водењето разговори и медиумската програма. Американскиот народ секој ден троши 60 милиони барели сирови шпекулации, користејќи

најразлични работи, од водење разговори па до подгрејување на политичките расправи, се тврди во извештајот. Ако не ги разгориме домашните извори на немири, може да се донесеме во ситуација да станеме крајно зависни од Блискиот исток како гориво за водење разговори.  

вест 07 - дома - вест 09