|
|
Лангли, Вирџинија - По повеќе месеци исчекување во гето
заедниците, минатиот понеделник ЦИА конечно ја откри својата
нова линија на дроги што предизвикуваат зависност.
Заврши чекањето, изјави, на промоцијата
на новата колекција, директорот на ЦИА Џон Дојч. Жителите на
бедниот градски кварт сега имаат на располагање четири нови
начини да се здрват, со производите чиј квалитет и широка
достапност научија да ја очекуваат од ЦИА.
Реакциите на новите дроги беа исклучително позитивни. Имаат
некоја гадна работа што се крка по кокаинот, изјави
главниот мафијаш на њујошкото подрачје Алфонсе Ди Биаси,
близок пријател на Дојч и негов некогашен студентски цимер.
Но таа нова дрога е еднакво евтина и еднакво лесно
предизвикува зависност. Сите сме многу возбудени.
Претседателот Клинтон исто така ја пофали ЦИА. Ова е
ситуација во која сите добиваат, изјави тој. Жителите на
бедните градски квартови ќе ги добијат силните дроги што ги
сакаат, а ЦИА ќе ги добие парите што не може да ги добие од
Конгресот за да продолжи со своите тајни истражувања за
контрола на умот.
Зад новите дроги стојат месеци внимателни испитувања со цел да
се осигура нивната максимална силина и загарантираното
предизвикување зависност. Целните групи, составени главно од
бездомници и улични сирачиња одбрани од гетата низ целата
земја, биле сместени во подземните истажувачки центри под
стожерот на ЦИА во Лангли. Дури по шест месеци исцрпувачко
испитување со членовите на оваа целна демографска група кои
пробале стотина дроги, донесена е конечната одлука.
Сите ме сакаат зашто сум многу убав. Сè е можно. Ќе живеам
долго и среќно, рекол Чарлс Симонс од Оукланд, откако
минал 10 месеци тестирајќи го ‘синото стакло’, новата дрога на
ЦИА што се пуши и предизвикува еуфорија. Симонс веднаш по
изјавата се фрлил низ прозорецот и така умрел. |
Таа дрога таму е многу добра, свинските котлети не чинат за
ништо, изјавил Двејн Вотсон од Бронкс, уште еден
соработник во испитувањето.
Службениците на ЦИА изјавија дека тестирањето е нужно за да се
одбегне пуштањето потенцијално опасни дроги во гетата. Една,
на почетокот ветувачка дрога мораше да биде отфрлена зашто
предизвикуваше несакани ефекти, како што се зголемување на
интелигенцијата и љубов кон другите луѓе, изјави др.
Харолд Вандемир, раководител на тимот за развој на наркотици
во ЦИА.
Почетната промоција на новите производи почна оваа недела низ
гетата на Лос Ангелес, Детроит и Њу Орлеанс, така што сите
овие жители во своето поштенско сандаче ќе добијат пратка со
примероци од новите дроги, како и промотивен памфлет плус
видео касета, на англиски и шпански јазик. Ако одговорот на
пазарот биде добар, како што очекуваат стручњаците на ЦИА,
дрогите би требало да бидат достапни во секое гето ширум
земјата најдоцна до почетокот на август.
Мислев дека ованикогаш нема да го кажам, изјави
Дојч, но баталете го тој смрдлив кокаин, драги жители на
гетата - овие новиве дроги навистина ќе ви бидат по кеиф.
По тоа Дојч изјави дека ништо од ова не се случило и
категорички ја порекна секоја врска меѓу ЦИА и новите дроги.
|
|