Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија
и сто други раскази
 

02Бакнеж
 

 

Орхидеја е решена дека нејзиниот прв бакнеж мора да биде совршен. Ја однесов на пролетно патување во Париз. Додека преку Сена зјапавме кон Ајфеловата Кула, го направив мојот чекор. Таа ме оттурна. “Не”, рече. “Едноставно не е доволно романтично. Жал ми е.” Ја однесов на една напуштена, со палми опкружена плажа на Бахамите, а сепак нејзиниот одговор беше ист. Штедев и штедев сè додека конечно на зајдисонце не застанавме пред Таџ Махал. “Чудно смрди”, рече. “Смрди, а и насекаде има питачи.” И јас исто така бев разочаран. Градбата за која се претпоставува дека е величествена бледнееше покрај овие недопрени, кадифени усни.



 

домаследна