Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

47Обична
 

 

Веќе неколку години се гледам со обична девојка. Нејзината мајка се запиша во училиште за козметичка хирургија, а ние се понудивме да помогнеме. Затоа сега ја користи мојата девојка како нејзин конечен проект, идејата е да ја преобрази обичната Џејн во убавица од учебник. Сега додека се шета наоколу очигледно вознемирана од операцијата за корекција на градите, со црните очи што ѕиркаат од преврзаното лице, ù пристапуваат мажи и ù ги даваат своите телефонски броеви. Сигурни се дека кога отоците ќе исчезнат таа ќе изгледа прилично неверојатно. Се надевам дека мајка ù ќе тропне на курсот, дека проектот ќе доживее катастрофа.

 





претходнадомаследна