Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

53Парчиња
 

 

Ја киднапираа мојата девојка и потоа побараа ужасно голема сума пари што требаше да им ги дадам пред дури и да размислат да ја вратат назад. Бев благодарен поради мирот и тишината што се појавија по нејзиното заминуваше така што не брзав многу да ја средам работата. По некое време почнаа да ми испраќаат мали парчиња од неа, почнувајќи од уво во кутија за сапун. Заради некоја причина не ја намалија сумата за откупот. Нема никаква смисла. Мислат дека ќе платам толку многу за девојка без палци, уши, нос или брадавици колку што би платил доколку сите делови беа на неа.

 







претходнадомаследна