|
|
Мојата девојка ме напушти. Дознав дека додека била со мене цело време се гледала и со многу други мажи. Сега беше слободна женска, па помислив дека светот треба да знае за тоа. Ја пресметав оддалеченоста од нејзината куќа до повеќе од две илјади различни места во земјата и почнав да резбам патокази. “Раширените нозе на Мет: 263 км.” Тоа беше првиот. Го поставив покрај патот на излезот од Улфборг. Откако поставив деветсто и четириесет, сфатив дека тоа веќе не ме прави среќен, дека ги резбам во форма на срце, и дека таа ми недостасува повеќе од кој било друг на планетава.
претходнадомаследна
|