|
|
Ксанте ме напушти. Ја пронајдов нејзината нова адреса и ù го вратив чајникот што го имаше заборавено кај мене. Следниот ден ù ја однесов книгата што ми ја имаше позајмено. Пронајдов кутиче со прамен од нејзината коса, и секој ден ù испраќав по едно влакно. Ако не беше дома, го испраќав по пошта, проследено со долго писмо во кое објаснував на кој начин сум го нашол на подот. Кога ги вратив сите, ù однесов, ставена на врвот од прстот, мала честичка прав. “Се сеќавам дека ја видов како еден ден паѓа од твојот фустан”, реков. “Оној убавиот, со цвеќиња на него.”
претходнадомаследна
|