|
|
Тами е успешен трговски патник. Поради нејзината работа ни се случува ужасно долго време да бидеме одделени еден од друг, но не се плашам дека ќе ја загубам. Кога заминува секогаш изгледа многу привлечно во кусите, тесни фустани, нашминкана со темноцрвен кармин. Често е отсутна повеќе денови и премногу е зафатена за да се јави. Би сакал да ја смени работата. Би сакал да се венчаме и да не биде надвор од дома толку често. Нејзиниот животен стил лошо ù се одразува на здравјето. Отсуствата се многу долги, а од тоалетните школки во далечните градови таа постојано добива разни полови болести.
претходнадомаследна
|