|
|
Мојата девојка ме напушти и како последица на тоа редовно почнав да плачам во сон. Моите ноќни тажења станаа толку гласни што соседите повикаа полиција. Новинарите дознаа, и луѓето почнаа да доаѓаат пред мојата куќа за да ме слушнат како гласно ù го кажувам името и како стенкам. Дојдоа телевизиски екипи и наскоро беше организирана потрага по објектот на мојата болка. Ја лоцираа во куќата на нејзиниот нов тип. Ја гледав репортажата на телевизија. Луѓето кажуваа дека очекувале да биде многу поубава отколку што е, и дека треба да се средам и да престанам да плачам по една толку обична девојка.
претходнадомаследна
|