Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

75Рамнодушност
 

 

Бидејќи не сакав интензитетот на мојата љубов да ја оттурне Чучулига од мене, симулирав рамнодушност. Се плашев дека тактиката не функционира; изгледаше дека со мене ù е досадно, постојано гледаше во саатот како да е нестрплива да оди на некое подобро место. И покрај тоа, секогаш незаинтересирано договаравме нова средба. Кога еднаш поднапиен случајно предложив да се земеме, ги спушти раменици и проѕевајќи се рече: “Паа... добро”. Не можев да поверувам колку сум среќен. Матичарот нè праша дали дали сме подготвени да се сакаме и почитуваме еден со друг засекогаш. Чучулига рече дека би можела, а јас реков дека се согласувам.

 




претходнадомаследна