|
|
Анџелика се согласи да ми биде девојка. За да го прославам тоа ја одведов на вечера со свеќи, а за време на вечерата морав да се штипкам за да се осигурам дека не сонувам. Почнавме почесто да се гледаме. Наскоро штипкањето престана да биде доволно и почнав да си забодувам шпенадли во лицето. Деновиве дури ни шпенадлите не можат да ме уверат дека таа навистина е тука. Секоја вечер подготвувам романтичен оброк. Додека зјапам во нејзината совршено направена фризура и беспрекорно нашминкано лице, си откинувам парчиња од телото со хируршка пила. Некако сè уште изгледа премногу совршено за да биде реално.
претходнадомаследна
|