|
|
Мојата девојка и јас толку долго сме заедно што секој ден ни е некој вид годишнина. Секогаш кога се враќа дома, ме наоѓа како ја чекам со свечен оброк-изненадување. “Што е денеска?”, прашува, проѕевајќи се по напорниот ден на работа. Нежно ù го погалувам лицето и ù кажувам дека денес се навршуваат точно три години откако го смислив нејзиното нагалено име, Димплес, две години од нашата прва тепачка со перници или само една година од онаа ноќ кога се обидовме да ги изброиме ѕвездите. За време на овие оброци не зборува многу. Премногу е зафатена со чувањето на тие златни сеќавања.
претходнадомаследна
|