|
|
Мојата поранешна девојка и нејзиниот нов маж редовно стојат пред мојата куќа, се бакнуваат и насмевнуваат еден на друг. Толку многу ја сакам што не можам да ги игнорирам. Секоја можност да ја видам е скапоцена и затоа го залепувам лицето на прозорецот. Понекогаш ја прекинуваат љубовната игра за да гледаат, за да покажуваат кон мене и да ме исмеваат. Често нејзиниот маж со прстите прави грозни знаци, а мојата бивша се превиткува, хистерично смеејќи се додека солзите ми течат по лицето. Деновите кога бевме заедно се најсреќните денови во мојот живот и секогаш, секогаш ќе сакам да ми се врати.
претходнадомаследна |