Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

06Билтен
 

 

Мојата девојка е толку убава што не можам а да не ги жалам сите нејзини бивши. Сигурен сум дека го трошат своето време мислејќи на неа и прашувајќи се од што таа може да биде зависна. Затоа секој месец им испраќам детален билтен за сите убави нешта што ги има кажано и направено. Понекогаш приложувам и по некој отфрлен пар хулахопки или парче од креон за веѓи. Чувствувам дека треба да направам сè што можам за да им ја надоместам загубата на една ваква девојка со толку мека кафена коса, чии стапала се толку мали што едвај може да се видат.










претходнадомаследна