|
|
Мојата девојка го искористи моето ослепување како оправдување да почне да се облекува неуредно. Во деновите кога сè уште можев да ја видам, секогаш изгледаше совршено во најмодерните парчиња облека и најдобрите дизајнерски марки. Сега, своите високи потпетици ги замени со патики, свилените чорапи и куси здолништа со фармерки, а елегантните блузи и тесните сакоа со вреќасти џемпери. Сè уште ù немам кажано ништо, но доаѓам до точка кога ми е срам да ме видат со неа додека нежно ми ја држи раката и ме насочува каде да одам, осигурувајќи се да не се сопнам или да не треснам во нешто.
претходнадомаследна |