|
|
Мојата девојка е толку убава па затоа никогаш немала причина да развие некој друг аспект од себеси. На луѓето секогаш им е мило што ја гледаат, и покрај тоа што не прави ништо друго освен што се вртка наоколу и пуши. Освен тоа, станува сè поубава. Последниот пат кога ја напушти куќата предизвика четири сообраќајни несреќи, два срцеви удари, околу триесет домашни расправии и околу шестотини непосакувани и засрамувачки ерекции. Изгледа дека е прилично рамнодушна кон пустошот што го предизвикува. “Одам во продавница по цигари”, вели, проѕевајќи се со таа сочна, сјајна уста. “Подобро да викнеш брза помош или нешто слично.”
претходнадомаследна |