|
|
Јоланта е како планината Фуџи. Оддалеку е величествена и магична, но кога ќе ù се доближиш се разочаруваш. Им се доверувам за ова на нејзините додворувачи секогаш кога доаѓаат со рози и шпански гитари. Кога таа не може да ме слушне, им кажувам: “Ако ја заведете зад мојот грб, ќе зажалите”. Тие мислат дека им се заканувам, но потоа шепотам: “Знам дека е брилијантна, но кога подобро ќе ја запознаете ќе видите дека таа навистина е само една обична девојка”. Ме прашуваат зошто не ја оставам ако навистина е така. Се сплеткувам од моите зборови. Едноставно не знам како да објаснам.
претходнадома |