Библиотека “Магма“


Ден Роудс
Антропологија и сто други раскази
 

10Верен
 

 

Мојата девојка умре. Срцето ми беше скршено и ветив дека ќе останам верен на нејзиниот спомен. На почетокот не ми беше тешко; мојата болка беше толку голема што не можев да си замислам да бакнам некоја друга. Но, по некое време, една девојка почна да пројавува интерес. На почетокот одолевав. “Многу си убава”, ù кажав, “но едноставно е прерано. Жалам.” Не сакаше да се откаже. Продолжи нежно да ме допира, мавтајќи со трепките покриени со маскара. Конечно се предадов и паднав во нејзините прегратки. Човекот нè замоли да си одиме. Кажа дека нашето шушкање, млацкање и кикотење ги вознемирува другите оплакувачи.







претходнадомаследна